Култхард смета дека Луис ќе му покаже на Џорџ зошто е седумкратен првак

Дејвид Култхард смета дека Луис Хамилтон ќе го засили притисокот над Џорџ Расел оваа сезона и ќе му покаже зошто е најуспешниот возач во Формула 1 историјата.

Долги години “сребрениет стрели“ беа доминантна сила во Формула 1, но од почетокот на новата регулатива на стартот од минатата сезона, мака мачат да се вратат на врвот од поредокот.

овој болид на мерцедес е најдобар кој џорџ некогаш го возел, да на заборавиме дека беѓе во вилијамс,, но во исто време овој пакет не е најдоброто нешто што луис го возел. неговиот ум е на различно место, болидот не му одговара на неговите силни страни и очигледно е дека се мачи со стабилноста.

мерцедес имаат двајца возачи во различен дел од нивниет кариери, моќниот луис сеуште е во форма, освои и победи на се, но нема да може да ја покаже формата додека мерцедес не бидат силни како некогаш – смета култхард.

Веќе некое време се погласни се шпекулациите за иднината во Ф1 на Хамилтон затоа што неговиот договор е валиден до крајот на оваа година. Во однос на тоа, шкотланѓанецот смета дека Расел е многу полабав затоа што не мора д се грижи за својата иднина.

џорџ е константно во форма, ова е најобдиот болид кој го возел и ја користи предноста од тоа што луис сеуште не е пролагоден. тој константно се запрашува дали треба да продолжи уште, дали може да победува повторно, дали може до нова титула, многу работи му висат над глава.

џорџ врши феноменална работа и е многу вредно средство на тимот. не дека луис не е исто толку корисен, туку болидот едноставно не му е “легнат“, а очекувам сезонава како што одминуваат трките да му покаже на џорџ зошто е седумкратен првак.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ