Култхард: Шефовите на Ферари сигурно полудуваат

Во Управниот одбор на Ферари сигурно полудуваат откако ја гледале последната серија на грешки на Скудерија на Француското Гранд При, смета Дејвид Култхард.

Ферари од потенцијална победа повторно заврши со празни раце на патеката Пол Рикар, откако брилијантната стратегија со тимска работа му помогна на Шарл Леклер да ја обезбеди пол-позицијата пред Макс Верстапен. Од гаражата на италијанскиот тим го пуштија Саинз за време на К3 без друга причина освен да го влече својот тимски колега, што му ја зголеми брзината на долгите правци.

Почнувајќи од пол-позицијата, Леклер силно се одбрани од притисокот на Верстапен и го задржи водството и покрај тоа што возачот на Ред Бул беше од круг во круг со ДРС. Но веднаш штом го снема притисокот, Верстапен “падна“ две секунди наназад пред да влезе во бокс, а потоа Леклер излета и удри во заштитната бариера во свиокот број 11.

Саинз направи неверојатна работа бидејќи се тркаше од 19то место на гридот до третото, а шпанецот имаше темпо и покрај старите гуми да го стигне Перез на 3та позиција. Додека го стигнуваше, Ферари го повикаа во боксот, возачот падна на деветто место бидејќи мораше да отслужи казна од пет секунди за небезбедно враќање на патеката и успеа да се опорави само до петто место.

Во трка со три грешки од Ферари, Култхард смета дека во одборот на екипата веќе нема никакво трпение.

Мислам дека Биното прави фантастична работа да ја одржи ситуацијата смирена.

Но, морам да замислам дека притисокот мора да биде огромен назад во Италија, постарите луѓе во одборот кои не се на патеката, тие сигурно полудуваат.

Што се однесува до Леклер, поранешниот Формула 1 возач смета дека 24-годишниот возач, кога е во најдобра форма е брилијантен, но исто така и дека прави непотребни грешки.

Мораме да сочувствуваме со Шарл, тој е брилијантен млад човек, брилијантен тркачки возач. Но, неговата ахилова пета се негови грешки.

Последната грешка на Леклер значи дека тој заостанува зад Верстапен со 63 поени на 10 трки од крајот од сезоната. Ферари заостанува 82 поени зад Ред Бул во шампионатот за конструктори.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ