“Лажњакот“ на Мерцедес на квалификациите бил огромен ризик

Главниот стратег на Мерцедес, Џејмс Вауелс, призна дека “лажњакот“ кое го направил тимот на квалификациите во Баку, пуштајќи ги Хамилтон и Ботас први на патеката било голем ризик кој можело да доведе и до само еден летечки круг за возачите.

Со цел да искористат максимум од големиот слипстрим кој се создава на долгиот правец во Баку, Мерцедесите први излегоа на патеката, но застанаа на крајот на боксовите, пропуштајќи ги останатите пред себе, а во исто време го намамија Фетел да излезе веднаш, а со тоа и да бие прв на патеката.

Тото Волф откри дека потегот бил планиран и го присилил Фетел прв да се појави на патеката без да биде влечен на правците од никого. Стратегијата на “сребрените стрели“ се покажа ефикасна затоа што тимот го окупираше првиот стартен ред.

последните неколку трки сведоци сме на таканаречени мексикански квалификации каде сите чекаат во гаражата со запален мотор, подготвени да тргнат и само се чекаат еден со друг, со конкурентите. но, прашање е кој да биде прв на патеката затоа што тој губи и не е повлечен од никого.

во шангај видовте дека тргнавме предоцна и другите не беа во можност да го започнат својот летечки круг затоа што знамето се развеја пред да ја минат стартната линија.

во баку бевме претпазливи дека тоа може да реши дачи ќе бидеме на пол позиција или не и решивме да ги извадиме болидите порадно на патеката што направи воз од болиди зад нас. тоа се покажа исправно, а потоа на левата страна од крајот на гаражите вежбавме стартови само за да не завршиме први во колоната поради фактот што ефектот на влечење од болид пред вас беше многу моќен.

ова во исто време беше и многу голем ризик, ја минавме линијата само неколку секунди пред развејување на знамето како резултат на тактитката, но успеавме.

стоевме лево на страна на патеката и чекавме, а другите не минуваа. фетел беше на чело и немаше повлекување од никого кај него затоа што беше прв што ни дозволи да бидеме на крајот и да го искористиме и повлекувањето и позицијата на патеката – објасни вауелс.

И покрај тоа што тактиката на Мерцедес изгледала јасна и очигледна, Џејмс појасни дека било потребно подготовка за истото.

ваков план не се прави без претходен договор особено за да бидете сигурни дека возачите разбираат што треба да направат, се согласуваат и ќе го спроведат планот.

барате од нив да почнат со нормална рутина во последниот квалификациски сегмент кога има најголем притисок и потоа да направат нешто многу поразлично.

разговаравме со нив утрото и се осигуравме дека целосно разбираат што треба да направат во текот на квалификациите, а потврдиме и пред да излезат на патеката во последните 12 минути. тие завршија фантастична работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ