Ландо има теорија зошто Рикардо толку се мачи

Ландо Норис верува дека проблемите на Даниел Риардо во Мекларен произлегуваат од различниот возачки стил помеѓу нив и карактеристиките на самиот болид.

Норис е редовно подобар од својот поискусен колега, победник на Гранд При трки, додека австралијанецот мака мачи да се прилагоди на МЦЛ36 пакетот. Поради неубедливите резултати, неговата иднина во Вокинг е под знак прашалник, а неговиот договор истекува кон крајот на следната сезона.

Норис многу побрзо се прилагодува на болидот, но призна дека и на него му требало време да се прилагоди и сето тоа поради различна природа на возење и начин на управување со болидот.

се мачев од почетокот на сезоната со мојот стил на возење кој е различен од оној на даниел и тоа беше видливо уште на тестирањето. ми требаше повеќе време да се адаптирам.

моето чувство додека возам не е исто со неговото и начинот на кој возиме се разликува, јас сакам болидот да биде нестабилен и да можам да го притискам, тој сака мирен болид со мало подуправување – откри норис.

Тој посочи и дека годинешниот Мекларен не е лесен за возење поради што се потребни адаптирања за да се извади потенцијалот.

чувствувам дека болидот е тежок за возење. мислам дека карактеристиките кои ги имавме од болидите минатите години дури и кога карлос беше во тимот беа посебни и требаше прилагодување на возачкиот стил. годинешниов болид е поинаков од ланскиот иако се обидуваме да промениме некои негови карактеристики, сепак бара поголемо прилагодување. јас сум во тимот некое време и поради тоа лесно се прилагодувам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ