Ландо: Мерцедес не сака да направи жртва за да го намали потскокнувњето

Ландо Норис смета дека Мерцедес не се подготвени да жртвуваат дел од перформансите со цел трајно да го решат проблемот со потскокнувањето кој велат дека многу им смета.

Луис Хамилтон и Џорџ Расел не престанаа да се жалат за време на Азербејџанското Гранд При, а Тото Волф посочи дека седумкратниот поранашен шампион може и да пропушти трка поради болката во грбот предизвикана од потскокнувањето.

Земјениот ефект се создава кога болидот е прилепен до земја колку што може повеќе, а Мерцедес токму поради тоа има проблеми, кои секако дека може да се избегнат доколку болидот се подигне од земјата.

ми се допаѓа секој момент во новиот болид и никогаш не се жалам. имавме потскокнување, но научивме како да се носиме со тоа. се работи за компромис за да добиете перформанси, ние можеме многу лесно да го спуштиме болидот за да добиеме перформанси, но ќе потскокнуваме многу повеќе.

сметаме дека во моментов сме на вистинскиот компромис и сигурен сум дека мерцедес може да има многу потврд под или да го возат болдито повисоко и ќе биде поубаво за нив. јасно е дека не сакаат да направат поткревање на болидот за да не губт перформанси, но тогаш нема зошто да се жалат, нека си најдат самите решение – посочи норис.

Проблмите на Мерцедес се очекува да продолжат и на викендот во Канада на патеката во Монтреал која е нерамна и има тротоари низ кои се минува за брзо врем епо круг.

мислам дека ќе биде многу тешко да се најде решение за потскокнувањето уште следната недела. беа донесени нови делови во барселона кои го подобрија болидот и имавме одличен ритам таму. но, монако е посебна патека, а на баку беше исто така многу лошо и потскокнувањето силно се врати.

луис и џорџ не уживаат додека возат, но знаеме дека ако го кренеме болидот ќе им биде поудобно, но ќе загубиме перформанси. тешко е да се најде вистински баланс – посочи стофел вандорн, резервистот на тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ