Латифи задоволен: Ритамот на болидот повторно се врати

Николас Латифи посочи дека неговата Формула 1 сезона почнува сега откако го доби на располагање подобрениот и подновениот ФВ44 болид на Вилијамс.

Тимот од Гроув донесе многу новини на Силверстон, но беа исклучиво за Алексадер Албон, но британецот со тајландсо потекло иаше судар на стартот и пакетот подобрувања не беше соодветно тестиран. Канаѓанецот доби нови делови на Пол Рикар од кои е презадоволен.

прв пат по подолго време иамме исти болид со алекс, а на чист воздух јас бев побрз, така што е штета што имав лоши квалификации и што стартував толку позади затоа што можев од посилен пласман.

добриот тркачки ритам го гледам многу позитивно. откако ја променивме шасијата не сум повеќе половина секунда за алекс, туку сум таму каде што треба. ако ги земете во рпедвид новините, може слободно да кажам дека мојата сезона почнува сега.

на трка чувствував дека побрз од двата болиди, а на квалификации имав помал заостаток. почетокот на сезоанта беше чуден и тежок за мене и морам да разберам зошто беше така, но сега е сосема поинаку.

не се споредувам само со алекс, туку подобар сум споредено и со болидит со кои се бориме цела година. во франција бев побрз од многу конкуренти и тоа ми дава верба иако немав среќа на трката – посочи ники.

Првиот дел од Француското Гранд При, Латифи го мина на опашката од поредокот помеѓу двата болиди на Алфа Ромео, а потоа дојде 37от круг кога додека се бореше со Хаас заработи дупната гума.

дефинитивно не бев само јас виновен за инцидентот, тоа беше тркачки инцидент. мислам дека му оствив доволно простор на кевин и штета е затоа што имав силен ритам и бев побрз од него. малку прешироко минав, но кривината е таква.

Претсојниов викенд се вози Унгарското Гранд При, местото каде Латифи ги освои своите први поени лани.

возбуден сум што се враќам во унгарија, затоа што имам одлични сеќавања од таа трка лани кога вилијамс освои двојни поени. се чини дека патеката ни одговара и се надеваме дека ќе бидеме силни и годинава.

за мене ќе биде втора трка на која ќе го користам подобрениот пакет и наетрпелив сум да направиме дополнителна оптимизација во однос на франција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ