Латифи: Надвор од тркачката линија беше како на мокро

Николас Латифи објасни дека бил изненаден од немањето на грип надвор од тркачката линија на Спа Франкошамп. 

Тој требаше да стартува од 11та позиција на гридот. но поради казните за промена на мотори на тие пред него, стартуваше понапред. Во вториот круг се изврте на Ле Комб и удри во Валтери Ботас од Алфа Ромео. 

Бев надвор од тркачката линија во шестиот свиок и собрав гума од јуниорските серии. Беше како да возиш на мокро со мазни гуми. Мислев дека веднаш ќе се вратам на патеката, но се извртев и имав контакт со Валтери. Од таму беше уништена мојата трка и стратегијата не ми помогна – изјави канаѓанецот по трката.

Латифи ја заврши трката последен додека Ботас се откажа веднаш по сударот. 

Во мешан грид може да имаш многу шанси, но бев на погрешно место во погрешно време. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ