Латифи сподели што се случувало по Абу Даби

Скоро два месеци од контроверзните последни кругови на Големата Награда на Абу Даби, Николас Латифи објасни како се чувствува откако беше фатен во последиците.

Николас Латифи признава дека имал незгодни неколку денови по контроверзните настани на Големата награда на Абу Даби. Возачот на Вилијамс се најде заглавен во завршницата од битката за титулата помеѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон кога излета од трката на само неколку круга до крајот.

Ова предизвика период на безбедносно возило, што му овозможи на Верстапен да влезе во бокс за свежи гуми и да го престигне Хамилтон во последниот круг, што значи дека возачот на Ред Бул победи и ја освои титулата.

Ненамерната улога на Латифи во исходот на првенството доведе до тоа да открие дека добил омраза, злоупотреба, па дури и смртни закани на социјалните мрежи. Скоро два месеци од трката, Николас откри дека продолжил понатаму по она што се случило, но е искрен за фактот дека се соочил со тешки неколку дена веднаш по Абу Даби.

Веќе чувствувам дека тоа е некако зад мене, Тоа е минато.

Очигледно беа многу незгодни неколку дена со сè што се случуваше потоа, но тоа е дел од спортот, Тоа е нешто што очекував да се случи, како што некако спомнав во објавата на социјалните мрежи. Сега некако го поминав – посочи канаѓанецот.

Сезоната во Формула 1 во 2022 година започнува во Бахреин на 18-20 Март, додека првите болиди ќе се објават наскоро, а Ред Бул ќе го претстави својот нов болид на 9 Февруари. Латифи се надева дека враќањето на тркачката акција ќе обезбеди сите да ги стават настаните во Абу Даби зад себе.

Сигурно, штом сезоната ќе започне, им дава нешто поважно за луѓето да зборуваат. Сега за мене, Абу Даби е одамна во минатото.

Латифи ќе ја започне третата година со Вилијамс, а ќе му се придружи и нов тимски колега, Алекс Албон кој работеше со Ред Бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ