Латифи целосно свесен дека перформансите се клучни

Канаѓанецот Николас Латифи знае дека ќе треба да извлече најмногу од себе и од својот болид на претстојните трки за да го задржи своето место во Вилијамс за 2023 година.

Неизвесност надвиснува над канаѓанецот кој останува единствениот возач на гридот кој не завршил во поени на ниту една трка сезонава. Латифи годинава значително потфрли во однос на својот колега од Вилијамс, Алекс Албон и додека имаше подобрување на страната на канаѓанецот во гаражата на тимот, неговиот судар во првиот круг на Спа минатиот викенд нема да му ја подобри ситуацијата.

Шефот на Вилијамс, Јост Капито, во Спа изјави дека би бил подготвен да го задржи Латифи на своето место следната година, доколку настапите во последниот дел од сезоната бидат на нивото што го очекува тимот.

Од моја страна, сè уште нема ништо ново за коментирање или објавување. Мислам, знам која е целта од моја страна.

Тимот сака перформанси, знам, и очигледно, тоа е јасно. На крајот на денот, настапот ќе биде тој што ќе одлучи сè.

Значи, ќе се обидам да се справам со следните неколку трки и да го извлечам максимумот од себе и од болидот, а чувствувам од изминатите неколку трки пред летната пауза дека тоа бев на многу, многу подобар пат отколку што се гледаше на почетокот на сезоната.

Значи, мојата цел е да продолжам онаму каде што чувствував дека застанав пред летната пауза и да покажам што можам. Звучи едноставно. Очигледно не е едноставно, но тоа е целта – изјави Латифи.

Следната можност Латифи да ја докаже својата вредност ќе биде овој викенд во Зандворт.

Возбуден сум што ќе одам во Зандворт за втората трка од овие три последователни.

Враќањето во Зандворт минатата година беше многу пријатно. Тоа е патека од старата школа и веројатно едни од позабавните квалификации во календарот.

Има брзи кривини, свиени свиоци и е многу тесна со малку простор за грешки што ја прави патека многу уникатна.

Атмосферата на навивачите навистина направи нешто посебно минатата година и сигурен сум дека ќе биде истото повторно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ