Рекорден број на претекнувања на Холандското ГП

Иако Зандворт е познат по тоа што е тешко да се престигне, на неодамнешната трка беа забележани некои од најмногу претекнувања за Формула 1 трка досега.

Големата Награда на Холандија постави нов рекорд во Формула 1 кога на патеката за време на трката се случија 186 претекнувања.

Иако рекордот се заснова на неофицијална статистика (не е директно од Ф1), тој е огромен скок во споредба со претходните години во Зандворт, со само 23 во 2022 година.

Дел од причината зошто бројката е толку висока се должи на променливите услови, поради кои многу возачи користеа различни стратегии за гуми бидејќи дождот од самиот почеток беше со силен интензитет.

Серхио Перез успеа да го престигне целиот терен по влегување во боксот во почетниот круг, додека Валтери Ботас освои шест позиции во раната фаза.

Претходниот рекорд го држеше Големата Награда на Кина во 2016 година, на која беа изведени 170 претекнувања на патеката. Ова исто така се должи на фактот дека голем дел од возачите на челните позиции паднаа на задниот дел на гридот.

Позициите добиени во првиот круг не се вклучени во бројките.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ