Латифи ќе добие подобрен Вилијамс за Франција

Двајцата возачи на Вилијамс ќе имаат можност да го возат подобрениот ФВ44 на Пол Рикат претстојниов тркачки викенд.

Тимот од Гроув донесе силно ревидиран болид за Британското Гранд При, но произведоа делови само за еден, така што Алекс Албон беше тој кој ги доби. Британецот со тајландско потекло успеа да комплетира само некоку метри на Силверстон пред да биде удрен, така што тимот остана без информации за својот нов пакет.

Во Австрија повторно само Албон ги возеше новините, но беше охрабен од трката која ја заврши на 12то место. Сега тимот е подготвен за ги стави новите делови и на болидот на канаѓанецот Латифи, единствениот возач без поени до сега.

многу сум возбуден сум за француското гранд при затоа што за прв пат ќе добијам моност да ги возам новите деливи. видовме позитивни знаци од нив во болидот на алекс до сега, така што сум нетрпелив и за мене. се надевам дека ќе ни даде подобар ритам кој ни недостасуваше до сега – нетрпелив е канаѓанецот.

Славната екипа е на последно место кај конструкторите, но многу надеж се полага во подобрениот пакет.

иако времето на силвеерстон како и спринт форматот во австрија не беа идеални за тестирање, имаме доволно охрабрувачки информации а да веруваме дека новите делови ќе ни донесат напредок. со топло време какво што се очекува на ле кастеле, топол и стабиле викенд, нетрпеливи сме да возиме уште од петок со нови делови на двата болиди и да продолжиме да наоѓаме начини за подобро користење на болидот – појасни дејв робсон, главниот инженер на тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ