Леклер ги објасни грешките од квалификациите

Шарл Леклер стравувал дека ќе ја изгуби пол позицијата за Големата Награда на Сингапур поради грешки во неговиот последен круг во квалификациите и интензивниот крај на сесијата.

Возачот на Ферари го освои својот деветти пол во сезоната, победувајќи го Серхио Перез од Ред Бул за 0,022 секунди, додека Макс Верстапен беше принуден да се откаже во последниот круг во кој изгледаше доволно брз за првото место. Моначанецот беше во боксот во последната минута од квалификациите откако направи грешка во неговиот последен круг, но тоа не беше доволно да ја загрози неговата втора пол позиција во кариерата во Сингапур.

Мислам дека претпоследниот круг беше добар, особено за условите на патеката во тоа време. за жал, во последниот круг имав блокирање, направив грешка во свиокот број 13 што ме чинеше доста време и во свиокот број 16 продолжив право и тоа беше во основа грешката.

Покрај тоа, мислам дека бевме многу конкурентни во текот на целата квалификациска сесија, што е одлично да се види, особено во услови како овие.

повторно болидот се чувствува добро, така што тоа беше позитивна сесија на квалификациите, само штета што не можев да составам сè заедно во последниот круг – објасни возачот на скудерија.

Со Леклер на пол позицијата, а ривалот за титулата Макс Верстапен со старт на осмото место, постои трошка надеж за продолжување на борбата за титулата, иако возачот од Монако треба да надомести 116 поени во светскиот шампионат за возачи. И покрај резултатите од квалификациите, Леклер вели дека не размислува за титулата и дека сака да се фокусира на борбата за својата прва победа по Австриското Гранд При во Јули.

За мене е важно да победам на што е можно повеќе трки до крајот на сезоната. Реално, прашање на време е кога Макс ќе ја освои титулата.

Ќе се фокусирам само на себе, ќе се обидеам да ги искористам овие последни трки на најдобар можен начин, да го максимизирам нашиот пакет. Ова е важно за мене, за другото немам грижа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ