Леклер е сигурен дека грешката од Имола нема да се повтори

Шарл Леклер изјави дека нема повторно да се случи грешката од Имола која го чинеше подиум минатиот викенд. 

Моначанецот притискаше на крајот на трката за да го престигне Серхио Перез и беше преагресивен во шиканата Варианте Алта кога се изврте. По извртувањето, тој излета и го скрши предното крило, сето тоа го сфати лично и смета дека повторно нема да има таков пристап и учи од грешките. 

Ова беше различна грешка. Ваквите грешки бараат ментален пристап, Но секогаш мора да сум силен во дадени моменти и да знам како да се поправам. Оваа грешка нема да се повтори – сигурен е леклер.

Иако признава дека ова е возачка грешка, сепак тој е сигурен дека тоа не било поради притисокот врз него. 

Очигледно имаше притисок во текот на целиот викенд, но немав многу грешки. Тоа беше трешка што многу ме чинеше и научив од тоа. 

Грешката го симна три места назад на гридот и Леклер е свесен дека можело да биде и полошо. 

Имав среќа бидејќи загубив само седум поени, Но тие се многу вредни на крајот на сезоната во борба за титулата. Ова нема да се повтори. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ