Леклер сака да учествува на Ле Ман по триумфот на Ферари

Шарл Леклер, Формула 1 возач на Ферари, откри дека би сакал да учествува на 24 часа Ле Ман во иднина, откако Ферари победи на стогодишното издание на трката по повеќе од 50 годишна пауза за италијанската марка.

Ферари се врати во Светскиот Шампионат за Издржливост на ФИА и Ле Ман по 50 годишно отсуство и го одбележа своето враќање на најдобар можен начин, со пол позиција за 24 часовната трка, притоа победувајќи ја Тојота, која доминираше во шампионатот во последните години.

Победата на Ферари во Ле Ман доаѓа во време на потешкотии за Ф1 тимот кој се соочува со мрачни изгледи во 2023 година откако Ред Бул доминира следен од Астон Мартин, додека подобрениот Мерцедес се заканува да ги остави црвените болиди во прашина.

Шарл Леклер беше присутен на 24 часа Ле Ман поддржувајќи ги напорите на Ферари и зборуваше за Еуроспорт на крајот на настанот, каде хиперавтомобилот со број 51, Ферари 499П, управуван од Антонио Џовинаци, Алесандро Пјер Гуиди и Џејмс Каладо стигна до победата.

Чувството е апсолутно неверојатно. Да победи Ферари е неверојатно по враќањето по толку многу години, тоа е многу посебно издание.

Имавме несреќа со второто Ферари бидејќи имавме мал удар на едниот ладилник, така што изгубивме многу време – истакна Леклер.

Запрашан дали еден ден ќе размисли да учествува во историскиот настан, возачот од Монако одговори:

Зошто да не?!

Тоа е неверојатен настан. Сигурно еден ден во мојот живот сакам да го штиклирам тоа поле. Кога ќе биде не знам. Јас сум многу горд на она што Ферари го направи денес. Беше лудо – заклучи тој.

Леклер сега патува за Монтреал, каде ќе учествува на трката за Големата Награда на Канада следниов викенд, и иако можеби е инспириран од победата на Ферари на Ле Ман, тој најверојатно нема да може да се бори за врвни почести со неговиот СФ -23.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ