Леклер задоволен со еден од најдобрите предсезонски тестови

Шарл Леклер откри дека подготовките на Ферари за 2022 година биле без проблеми, нешто што не искусил откако е дел од Формула 1 гридот.

Моначанецот го заврши последнито ден со второ врем и 7 десетинки од шампионот Макс Верстапен, но значително пред Мерцедес со Џорџ Расел, а само тој од тројцата возеше со потврдите гуми, Шарл е задоволен од подготовките со екипата.

Тој е дел од падокот од 2018 кога кога пристигна во Формула 1 преку Заубер односно Алфа Ромео, но овогодишниот тест му бил најпродуктивен.

дефинитивно едни од нај безгрешните подготовки кои сум ги имал за некоја сезона. немавме никакви поголеми проблеми што е одлично особено со целосно нов проект кога за очекување е да се има пречки на патот.

освен потскокнувањето кое сеуште е некаков проблем под некои услови, немавме други позначителни проблеми и се подобрувавме со секој следен ден и со секое следно излегување на патеката – задоволен е леклер.

Сепак, тој призна дека е силно претпазлив со ритамот и брзината на Ред Бул и на Мерцедес.

како што видовме, ред бул имаше нов пакет на поселдниот ден, а мерцедес имаа целосно нов болид во бахреин во кој се виде потенцијал. во одреден дел од тестот, сите беа некако блиску едни до други.

тешко е да се знае колкави ќе бидат разликите, не знаеме дали и колку сме пред некого, но не знаеме кој колку ќе се подобри.

Поради сето тоа, моначанецот не може да прогнозира до каде е Ферари во однос на останатите за претсојната трка.

за сега е многу, многу тешко да се предвиди и поради тоа сме многу претпазлици затоа што не знаеме што прават останатите. искрено не знам до каде сме, но мораме да бидеме задоволни од тестот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ