Леклер задоволен со перформансите од петочните сесии

По тежок старт на сезоната, Шарл Леклер се надева на силен резултат викендов во Канада додека се обидува да се врати во борбата за титула.

Иако на првиот тренинг доминираа возачите на Мерцедес, Леклер беше најдобар од останатите, на трето место, но скоро секунда позади Хамилтон. Ферари покажаа подобра форма во Т2, а Леклер ја заврши истата како најбрз со време од 1:12.177.

Севкупно, денот беше позитивен. Во првата сесија имаше многу прашина на патеката од сите градежни работи, што комбинирано со релативно високата температура влијаеше над нашиот грип.

Како што возеа болидите, условите се подобруваа и во попладневната сесија беше полесно. Помеѓу првиот и вториот тренинг успеавме да завршиме неколку работи и тоа ми овозможи да направам голем скок во перформанси. Мора да продолжиме и понатаму на ист начин.

Претпоставувајќи дека ќе постигнеме добра позиција на гридот, знаеме дека нашите ривали се многу силни. Ќе направиме се што можеме да им ја отежниме работата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ