Леклер изненаден од агресивниот Норис во Бразил

Шарл Леклер признава дека бил изненаден од агресивниот Ландо Нотир со кого имаше инцидент за време на трката за Големата награда на Бразил.

По ретстартот на трката, Леклер се обиде да го престаса Норис и беше удрен од возачот на Мекларен по што се изврте и удри во бариерата. Норис доби пет секунди казна за инцидентот и пред време ја заврши трката поради проблем со електркиката. 

Очигледно Ландо не е таков човек, но од некоја причина беше агресивен кон мене и Карлос. Не разбирам зошто. не очекував да ме пушти да го престасам, но ја плати казната со казната. Мислев дека имам простор, но се допревме – објасни возачот на ферари.

Леклер изјави дека не очекувал дека ќе може да ја продолжи трката по удирањето во бариерата. 

Бев изненаден. Имав многу среќа и штетата не беше голема. Не загубив многу брзина и мислам дека добро поминав

Мојата стратегија не се оствари поради првиот круг и мислам дека и Карлос имаше проблеми. Мерцедес беа многу брзи, но и ние бевме брзи во послдедната серија со нови гуми. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ