Леклер: Мораме да бидеме совршени за да победиме

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, освои пол позиција со само 2 стотинки предност пред Серхио Перез на Марина Бај.

Моначанецот верува дека на Скудерија ќе и треба совршено одработена трка за да победат во Сингапур. Тој беше задоволен од своето возење кое му донесе пол позиција пред Ред Бул откако квалификациите беа тешки, а тој се коцкаше со софт гумите во последниот дел.

квалификациите беа многу, многу тешки. к1 и к2 возев со интермедиа, потоа во к3 не знаевме што да одбереме. отидовме на софт буквално во последен момент и тоа ни се исплатеше. направив мала грешка во последниот круг и мислев дека нема да дојдам до пол позиција, но беше доволно – задоволен е шарл.

Ферари немаа доволно кругови во Петок поради различни технички проблеми на двата болиди, така што возачот е свесен дека ќе им треба совршено одработена трка поради недостатокот на податоци за долгите серии.

задоволен сум од денешниот резултат особено поради тоа што во петок не возевме многу, немаме многу податоци за тркачкиот ритам и ќе ни треба совршено одработена трка за да победиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ