Леклер нема притисок од излетувањето во Франција

Шарл Леклер изјави дека нема дополнителен притисок поради излетувањето на трката за Големата награда на Франција пред една недела. 

Моначанецот се одбрани од Верстапен на почетокот на трката, но подоцна излета и заврши во заштитната ограда. 

На крајот го имав притисокот кога Макс беше зад мене. ТОј се одлучи за различна стратегија и јас морав да форсирам и да се фокусирам на мојата трка. Возев на лимитот и тогаш се прават грешки – посочи шарл.

Верстапен победи на трката и го зголеми водството на 63 поени, но и покрај ова, Леклер се надева дека ќе се врати посилен во Унгарија. 

Ништо не ми помага да се жалам на грешката или да останам во минатото. Направив грешка, ме чинеше поени и свесен сум за тоа. Сега се фокусирам на викендот и да завршам што е можно подобра работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ