Леклер сака да се проба и на вистинскиот Ле Ман

Двократниот победник на Гранд При трка со Ферари, Шарл Леклер, откри дека по учеството на Виртуелниот 24 часа Ле Ман изминатиов викенд, има апетит да ја искуси и реалната 24-часовна трка.

Младиот возач од Монако возеше за АФ Корсе Ферари 488 ГТЕ на виртуелен настан заедно со Антонио Џовинаци од Алфа Ромео и Енцо Бонито и Давид Тониза, виртуелни возачи. Но, за жал, технички проблеми со серверот ја уништи нивната трка, но го засили ентузијазмот на Леклер за трката.

би влагодарам што бевте со мене сите 24 часа. првите 8/9 часа беа навистина забавни додека се боревме за позиција, но по проблемите со серверот работевме само на завршување на трката, но и тоа беше забавно. сега сакам да го пробам вистинскиот и реален ле ман – напиша леклер на твитер.

Трката на патеката Сарте секако дека е можност за Шарл во одреден момент од кариерата, веројатно дотолку повее по промената на правиалта во ендјуранс тркањето од 2022 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ