Леклер се збунил од стратегијата на Ферари

Ферари ја игнорираше желбата за стратегијата на Леклер при крајот на трката и се покренаа многу прашања во врска со стратегијата на Скудерија. 

Трката во Шпанија беше одлучена од стратегијата поради големото трошење на гумите и многу од возачите возеа со две застанувања наместо едно како сите останати трки до сега. 

Шарл Леклер стартуваше од боксот по промените на неговиот болид откако имаше катастрофални квалификации каде заврши на 19та позиција. 

Стартувајќи на хард гуми тој не успеа да се пробие напред иако топ4 тимовите рано менуваа. Подоцна промени на софт па на крајот повторно на хард иако тој бараше од неговиот инжинер Чави Маркос Падрос да промени на софт. 

Падрос: Ќе менуваме на хард
Леклер: Не, сакам да продолжам на софт. Секако ќе менувам
Падрос: Да бокс, бокс. Ќе ставиме хард гуми. 

Радио пораките не се ништо ново во Ферари бидејќи тие се познати по лошата стратегија која им ја уништи борбата за титулата минатата година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ