Леклер: Ферари мора да се фокусира на гумите

Шарл Леклер бара од Ферари да се фокусира на гумите по разочарувачката трка во Шпанија. 

Тој стартуваше од боксот поради промените на болидот но успеа да стигне до 11 позиција. Неговиот колега Саинз стартуваше од втора позиција но заврши на петта. 

Очекувавме хард да бидат добри гуми и стартував на нив но тие беа лоши. Немав никаков преден грип. Целосно бев ограничен на квалификациите. Подоцна вторите хард беа подобри. Не знам што се случи но беше изненадувачки. Има многу работа пред нас. Мора да се фокусираме на гумите и како да ги менаџираме. 

Леклер смета дека не било ништо различно во болидот од првиот и вториот стинт. 

Мора да се провири со тимот дали двата сета биле различно. Но беше многу тешко. Со промена на ветерот се промени и болидот. Никогаш не сум имал болид со толку подуправување. Немав баланс на болидот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ