Леклер: Целта е да им го отежниме животот на Ред Бул

Возачот на Ферари ја пропушти пол позицијата за 0,048 секунди со својот најдобар круг, откако постави импресивен среден сектор.

Најдобриот напор на Леклер со време од 1:04.439 беше само 0,048 секунди од кругот за пол позиција на Верстапен, при што Леклер најмногу време добиваше во средниот сектор.

Тој ќе го има својот втор последователен старт во првиот ред заедно со возачот на Ред Бул на патеката во Австрија, а неодамнешната серија на надградби на Ферари ќе обезбеди добредојден поттик во перформансите.

Убаво е чувството што конечно имам чисти квалификации и се враќам во првиот ред – изјави Леклер.

Чувството беше малку подобро во последните неколку трки. Во К1 и К2 се беше за да го поставам тој круг во К3, потоа успеав да вложам се што сакав во последниот круг од К3.

Мислам дека не очекувавме дека ќе биде толку блиску до Ред Бул, така што тоа е добар чекор напред. Најпрво, би сакал да им се заблагодарам на сите момци назад во фабриката.

Тоа е само квалификации, но работата што ја направија во последните две или три недели за да го донесат пакетот порано од планираното беше навистина, навистина импресивна и тоа ни помогна да имаме добар настап денес.

Леклер очекува дека сè уште ќе биде тешко за Ферари да го достигне темпото во трка на Ред Бул во Недела, но верува дека тие можат да го отежнат животот на тимот откако имаа ветувачки знаци во Монтреал.

Нашето темпо во трка изгледаше доста добро во Монтреал. Но, повторно константноста е местото каде што треба да се фокусираме, така што навистина треба да видиме што ќе се случи во недела – додаде тој.

Имаме исто темпо како Монтреал, но Ред Бул засега е побрз на денот на трката, така што ќе биде тешко, но ќе направиме се што можеме за да им го отежниме животот на Ред Бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ