Луис: Заедничката вечера покажа дека сме добра група луѓе

Луис Хамилтон посочи дека овогодинешните Формула 1 возачи покажале дека имаа огромна хармонија, најдобра откако тој е дел од тркачката серија.

Сите 20 возачи беа на заедничка вечера во Четврток во Абу Даби на покана на Хамилтон, а за да се одбележи пензионирањето на Себастијан Фетел. Седумкратниот првак откри и дека тој бил возачот кој на крајот на вечерата ја платил сметката. Возачката “собиранка“ беше прва од таков вид по Кинеското Гранд При во 2016 година.

мислам дека беше многу важно да се направи ова и поради јас иницирав и ги поканив сите уште во мексико дали сакаат да вечераме заедно и на тој начин да го исправиме себ. немавме заедничка вечера од пред неколку години во кина.

вечерта беше прекрасна, сите премногу се смеевме и си кажувавме прекрасни случки. себ е фантастичен лидер, тој имаше свој говор обидувајќи се да го пренесе искуството кое го собрал низ годините кон младите затоа што тие се иднината.

имавме и заедничка фотографија и хармонијата беше многу голема, не сум бил сведок на нешто такво. можеби не во историјата, но секако јас во моите 15 години во формула 1 не сум бил сведок на толку хармонична група н возачи – објасни хамилтон.

Запрашан дали планира заедничката вечера да стане редовен настан во иднина, тој изјави:

се сложивме по вечерате дека на сите и беше убаво и дека сакаме да вечераме заедно цело време. можеби ќе направиме ова да биде некоја годишна собиранка на крајот, можеби ќе се собираме два пати, но секако дека треба да сме обединети како гпда група.

охрабрувачки е затоа што како група постојат многу работи што во спортот треба да се истуркаат. правиме многу работи во однос на одржливоста и слично, но навистина сакаме да притиснеме и да бидеме најдобри што може. гпда може да има огромна улога во тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ