Луис си ги препрочитува пораките од Лауда

Шесткратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилто, откри дека му недостасува поддршката од Ники Лауда и сеуште ги препрочитува пораките кои австриецот му ги праќал додека беше жив.

Неизвршниот претседател на Мерцедес и трикратен Формула 1 првак, Ники Лауда, почина за време на тркачкиот викенд во Монако, а тимот му оддаде почит со обележје на својот болид, а Луис и на својата кацига.

ми недостасуваат неговите пораки, ми недостасуваат споделувањето на видеа со него и сеуште имам многу од нашите “моабети“ кои сакам да си ги препрочитувам. без негова поддршка веројатно немаше да дојдам во мерцедес, без него немаше да бидам дел од тимот, а и екипата немаше да го постигне ова што го постигна без него.

тој беше најдобар во претставувањето пред бордот и добивањето на тоа што го наумил. со мене бее искрен и реален, а беше врската помеѓу тото и бордот кои не беа тркачки. беше привилегија да се има вистински шампион кој разбира колку е тешко да се испорача секој викенд и кој ја сфаќа секоја грешка. поради тоа тој беше темел за мене и многу ми недостасува – опјасни хамилтон.

Пред преговорите за трансфер во Мерцедес, Хамилтон се присетува дека го гледал Ники на телевизија, а австриецот немал премногу добро мислење за него.

одеднаш дојдов во позиција каде треба да донесам многу важна одлука во животот, а на телефон беше ники. бев воодушевен што зборувам со тркратен првак, а не го знаев лично. потоа седнав со рос браун, се појави и ники во хотелската соба и патешествието продолжуваше. тогаш почнавме да се сакаме како пријатели.

Возачот откри дека го посетил и се видел со Ники не многу долго пред да почине.

беше многу тешко да се види во таква ситуација. си праќавме видеа. го видов кога му беше многу лошо, но се избори и се врати освежен иако беше во колична. потоа имаше уште едно влошување на ситуацијата по кое состојбата му се влоши и тогаш отидов да го видам. беше буквално врзна за тие апарати во креветот и беше тешко да се гледа, беше шок, но неговиот дух беше светол, сеуште сјаеше, но фаќате дека му е тешко.

неговиот борбен дух одеднаш почна да се затемнува што е природно кога минувате низ толку долга и тешка битка во животот и тоа многу ме погоди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ