Мазепин бил разгален од ланските тестови за Мерцедес

Таткото на Никита Мазепин имаше организирано за својот син цела серија тестови со шампионскиот Мерцедес минатата година како подготовка за Формула 1 која  се случува за него сезонава, а аналитичарот Марк Сурер смета дека тоа може станало проблем.

Никита е дебитант годинав во бавниот американски Хаас и го има убедливо најслабиот болид на гридот. На почетокот на сезоната имаше неколку извртувања во ситуација во која беше сам на патеата и во моментов е на 21во место во поредокот, дури и зад Роберт Кубица кој одработи две трки како замена за Кими Раиконен.

Сурер смета дека дел од проблемот е и фактот што русинот имал обемна тест програма со Мерцедес кој му ја овозможил неговиот пребогат татко. Никита тестираше постари и шампионски болиди на Мерцедес минатите две сезони.

тој е разгален, а причината е фактот што со мерцедес сите може да возат брзо, болидот е совршен и лесен а управување, така што дава чувство дека формул 1 не е тешка, напротив, едноставна е.

потоа мина од најдобриот на најлошиот болид и секако дека тоа многу тешко му падна. сите тие тестови се прескапи, сигурн чинат милион долари дневно – посочи сурер.

Маките на Мазепин, а и честите инциденти, му донесоа репутација како проблематичен возач, а на последните неколку трки редовно има контакти со својот колега.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ