Мазепин е подготвен да се бори за поени

Никита Мазепин изјави дека е целосно подотвен да се бори за поени доколку добие брз болид од тимот на Хаас. 

Неговата прва сезона започна и заврши на крајот на гридот откако беше побавен од својот колега и понекогаш се бореше со Вилијамс по одлуката на Хаас да не го развиваат болидот. Иронично, еднаш заврши пред Луис Хамилтон откако шампионот ја промаши првата кривина по рестартот на два круга до крајот за време на Големата награда на Азербејџан во Баку. 

Целосно сум подготвен. Минатата година имав неколку добри борби со побрзи болиди и ми беше удобно. Сега знам каде ми се наоѓа предното и каде ми е задното крило и каде ми е точно болидот.

Во Бахреин немав ориентација бидејќи болидите ми личеа долги и широки. Сега ми е добро кога ми е балансиран болидот и можам да уживам. Формула 1 не е константна за сите. Еднаш си горе, еднаш си доле. Мислам дека ќе бидеме во добра позиција – посочи русинот.

Целта на Хаас е да се најдат пред Вилијамс, Алфа Ромео и некој друг тим и да освојат поени. 

Мислам дека ќе бидам поконзервативен во пристапот кон моите мисли и емоции и ќе дадам се од себе. Понекогаш кога многу се очекува, работите не завршуваш добро. Сите сакаат поени. Тешко е. но ќе биде подобро од минатата сезона. Целам на поени. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ