Макс: Да беше до Луис, тој немаше да протестира

Макс Верстапен верува дека шпекулациите кои велат дека Луис Хамилтон барал од Тото Волф да се откаже од протестите се точни затоа што смета дека неговиот најголем конкурент е голем спортист, но смета дека доколку тој би бил во негова улога, би се мачел да постапи исто.

Хамилтон и Мерцедес ја загубија возаката титула во последниот круг од трката во Абу Даби откако Верстапен ги мина на патеката во едниот круг за трка по повлекување на безбедносното возило.

Мерцедес се жалеше затоа што сметаа дека Макс го минал Луис во еден момент зад безбедносното возило, но и поради начинот на кој било менаџирано безбедносното возило. Сепак, жалбите бе беа прифатени, а тие најавија нови.

дефинитивно верувам дека луис барал да не се жалат, така мислам. секако дека помага тоа што веќе има седум титули, да беше обратно, мене ќе ми беше тешко да постапам така. но, луис е голем спортист, дојде и ми честита по трката, а секако дека му беше многу тешко по таков последен круг, но покажа колкава почит имаме еден кон друг.

секако дека имавме жетоки борби на патеката, но на крајот почитта која ја имаме провладеа. се притискавме цела сезона и навистина уживав да се тркам против него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ