Макс и Перез се најдобриот тандем на Ред Бул

Кристијан Хорнер, шефот на Ред Бул, не крие дека комбинацијата Макс Верстапен и Серхио Перез е најдобрата која возела за тимот.

Ред Бул се обидоа да ги приспособат Пјер Гасли и Александер Албон на местото на Рикардо кој одлучи да си замине од тимот во 2018 година. Но, единствено искусниот Перез успеа да го задржи местото во тимот уште една сезона и иако нема совршена година, сепак носи доволно поени кои му се потребни на тимот во борбата за титулата. 

Хорнер доби прашање за своите возачи и дали може да ги спореди со сите досега низ годините. 

Имаше добра динамика со Даниел и Алекс и немавме проблеми, Но Серхио знае што е целта на последните трки и се труди да си ја исполни должноста. Мислам дека на половина од наредните трки ќе бидеме добри додека на другите не сме сигурни. Ќе има тешка борба – најави британецот.

Поранешниот возач на Ред Бул, Марк Вебер, смета дека ќе има доста борби на последните шест трки. 

Мислам дека во Остин, Мерцедес ќе бидат силни и Луис има посебна карта за таму, Но тука е висината на Мексико и Бразил каде Ред Бул имал добри резултати. Разликата во поени не треба да се споменува. Мислам дека се ќе се одлучи на крајот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ