Макс не им е лут на стјуардите поради ланските казни

Макс Верстапен откри дека воопшто не им е лут на стјуардите кои неколку пати го казнуваа минатата сезона за различни инциденти, казни со кои тој не се сложуваше.

Холанѓанецот го извлече подебелиот крај по сударот со Хамилтон во Монца, а поради честите казни е на само 5 поени од забрана за трка. Но, тој не е лут на судиите на трките.

се на се имам одличен однос со стјуардите и така е и кога ќе се видиме. не им замерувам ништо – посочи верстапен.

Тој сепак смета дека постои начин да се подобри неговиот однос со стјуардите и вели:

секогаш постои начин за повеќе и подобро и сметам дека така ќе биде следната година. природно е константно да се подобруваме.

Најконтроверзната одлука која Мајкл Маси ја донесе на Јас Марина секако дека беше да им дозволи на заостанатите болиди помеѓу Луис и Макс да пртекнат и да се вратат во исти круг со нив пред трката да биде рестартирана. Верстапен не е изненаден од таквата одлука за која тврди дека е испрвна.

исто беше и во баку лани со никита мазепин, можеби луѓето не се сеќаваат, но тоа се случувало и порано.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ