Макс полн со пофалби за смирениот стратег Хана Шмиц

Макс Верстапен ги пофали одлуките на стратегот на Ред Бул, Хана Шмиц, за нејзината улога во победата за Големата Награда на Унгарија, велејќи дека таа останала ненормално смирена во текот на целиот настан.

Верстапен од 10то место на гридот победи на Хунгароринг во неделата, зголемувајќи го своето водство во шампионатот за возачи на 80 бода пред летната пауза. Актуелниот првак беше потпомогнат од супериорната стратегија со која тој избегнуваше да ја користи тврдата сложена гума која ја тестираше во инсталациските кругови пред трката, што предизвика промена во планот за настанот.

Спротивно на тоа, трката на Ферари се распадна откако го поставија Леклер на истите тие пневматици, предизвикувајќи пад во темпото што на крајот доведе до тоа возачот од Монако да заврши само како шестопласиран иако дел од трката го мина на чело.

Запрашан од Motorsport.com за важноста да се потпре на тим за стратегијата, Верстапен рече дека е тоа е неверојатно важно ако сакате да се борите за шампионска титула и ја наведе улогата на Шмиц, која служи како главен инженер за стратегија во Ред Бул.

Не можете да си дозволите многу грешки – рече Верстапен по трката.

Секако дека е многу тешко да се биде секогаш на вистинската страна, да речеме така, Но мислам дека имаме многу добри момци и девојки во тимот.

Денес мислам дека Хана, нашиот стратег, беше лудо мирна. Таа е многу добра.

Ферари по трката тврдеше дека немале шанси за победа во Унгарија со оглед на нивните потешкотии во студените услови, откако и Карлос Саинз пропушти шанса да застане на подиумот иако не ги користеше најтврдите гуми. Верстапен не беше сигурен дека Ред Бул има предност во темпо во однос на Ферари, велејќи дека тоа се сведува на избор на вистинските гуми во вистинско време што довело до неговата победа на трката.

Знаеме дека нашиот болид е генерално брз, но мислам дека во текот на трката, Ферари исто така беа многу брзи, само тие направија погрешен избор со тврдиот пневматик.

Има уште многу работи што можеме да ги разгледаме, што можеме да направиме подобро.

Мислам дека самата трка беше секако многу добра. да се започне 10ти, да се победи на трката на ваква патека е секако многу, многу добро, Но има многу работи што ќе ги анализираме.

Секогаш има неколку области каде што можевме подобро, Но генерално се разбира, јас сум многу задоволен од денешниот ден.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ