Макс ќе сака да покаже дека Маси не му ја донел титулата

Иако не е важно неговото мислење за тоа како Макс Верстапен ја освоил титулата, Џенсон Батон смета дека е најважно што тој е неверојатен талент.

24-годишниот холанѓанец ја заврши доминацијата на Луис Хамилтон откако ја освои титулата со 10 победи и 18 подиуми. Хамилтон имаше 8 победи и 17 подиуми и на крајот заостануваше 8 поени. Сепак сите зборуваат за последниот круг на последната трка и влијанието на Мајкл Маси на титулата.

Тешко е бидејќи беше доста контроверзна завршница, но тој е неверојатен талент и немам што повеќе да кажам. Се тркав против татко му и против мајка му која ми беше колешка во картинг. Макс отсекогаш бил одличен возач и продолжува да се подобрува. За мене тој е најбрзиот и најнадарен возач кој продолжува да напредува и да прерасне во Луис – посочи поранешниот првак батон.

Минатата сезона, Верстапен изјави дека не чувствува притисок за титулата, нешто што Батон не се согласува.

Имаше многу притисок. Мислам дека сите возачи така кажуваат дека доколку не ја освојат титулата оваа сезона, ќе ја освојат наредната, но не е така.

Сакате да победите на секоја трка и секоја година за да сте порелаксирани на последната трка. Сигурен сум дека така е за сите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ