Марко бара Формула 1 да не го жртвува Маси

Пред состанокот на Формула 1 Комисијата на кој ќе се разговара за финалето во Абу Даби, доктор Хелмут Марко ги повика шефовите на тркачката серија и ФИА да не го жртвуваат Мајкл Маси.

Два месеци по завршувањето на сезоната со последната трка за Големата награда на Абу Даби и контроверзијата која истата ја донесе, ФИА денеска ќе ги претстави резултатите од својата истрага на состанокот на Комисијата на Ф1.

Сепак, нема да бидат донесени конечни одлуки до состанокот на Светскиот Мотор Спорт Совет на 18 Март. На состанокот ќе присуствуваат претставници од ФИА, сите десет тимски шефови како и шефот на Формула 1 Стефано Доменикали и неговиот тим.

Тој сакаше да најде спортско решение. Како што често се случува со периодите на безбедносно возило, едниот возач има повеќе придобивки од другиот.

Во американската IMSA, може да се додадат три круга за трките одеднаш да бидат подолги. Во Формула 1, со сите тесни пресметки за горивото, ова не е опција – објасни доктор марко.

Ситуацијата со безбедносно возило во Абу Даби му донесе корист на Макс Верстапен од Ред Бул додека Маси ја постави сцената за последен круг. Асвстралијанецот донесе одлука без преседан да дозволи болидите меѓу Верстапен, кој во тоа време беше втор и лидерот на трката Луис Хамилтон да се вратат во водечкиот круг.

Тоа, сепак, беа само пет од осумте заостанати болиди, на другите три им беше кажано да останат таму каде што беа. Тоа е одлука за која многумина, вклучително и Мерцедес, тврдеа дека не е во правилата на Формула 1, што доведе до оваа истрага на ФИА.

Марко се надева дека крајниот резултат е Маси да ја задржи својата позиција, но да му биде дадена поголема помош.

Примарната цел на истрагата е да се разјасни дека Маси едноставно бил преоптоварен во таа ситуација и дека тимските шефови не можат да продолжат да се мешаат во управувањето со трката преку радио.

Сè треба да биде појасно. Мислам дека ќе се обидат малку повеќе да го олеснат раководењето со трката.

78-годишникот го повтори повикот на тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, директорот на трката да добие поголема поддршка.

Хорнер неодамна за Скај Ф1 изјави :

Алатките што ги имаме на располагање се далеку понапред од Мајкл и неговиот тим. Мислам дека имаше многу фокус на тоа во текот на зимата и мислам дека ќе ја видите таа улога подобро поддржана.

Марко додаде:

Големите тимови, како нас, имаат луѓе во фабриката кои ја анализираат секоја ситница и веднаш ги известуваат боксот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ