Марко ги отфрли тврдењата за моторот на Астон Мартин

Со оглед на тоа што Мерцедес повторно потфрлија со В14 болидот, се шират гласини дека производителот ги праќа своите најдобри мотори на поконкурентниот Астон Мартин, но докор Хелмут Марко не верува во ова.

Гласините се проширија уште на првата трка и одат дотаму што поконкурентниот тим со Мерцедес мотор се искачил на подиум.

Зошто Мерцедес би го направил конкурентот посилен? Нема смисла, Иако работат заедно, Астон Мартин е конкурент на Мерцедес.

Мерцедес ќе направи се за да ја заборави разочарувачката трка што е можно побрзо. Тоа е амбициозно и не му остава простор да му помогне на Астон Мартин – посочи искусниот австриец.

Правилата налагаат доставувачите на мотори да доставуваат иста спецификација на своите клиенти и тоа значи дека не смее да имаат посилен мотор за својот фабрички тим. Франц Тост од АлфаТаури појасни дека ова е забрането и не може да се случи.

Гласините се глупост. Правилата се јасни дека клиентите добиваат ист мотор. Се друго е забрането и нереално.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ