Марко ги предупреди Чеко и Макс

Возачите на Ред Бул имаа чист меѓусебен дуел за време на Големата награда на Мајами на патот до четвртиот 1-2 триумф сезонава, но советникот за моторспорт на екипата, доктор Хелму Марко, ги предупреди да бидат многу внимателни и паметни во нивната борба за насловот.

Холанѓанецот стигна до фантастична победа откако беше на алтернативна стратегија, тргна на хард и иако стартуваше од 9та позиција, победи. Перез немаше како да му се спротистави откако неговиот стартен сет медиум малку издржа, а кога колегата промени, тој имаше инфериорни и потрошени гуми.

Двајцата имаа дуел по излегувањето на Макс на патеката и мексиканецот не се предаде лесно, но борбата беше внимателна и не се ставија во позиција да се загрозат еден со друг и покрај тензиите кои лани беа видливи, особено во Бразил.

двајцата се доволно возрасни и искусни за нормално да се борат, особено во ситуација во која имаат доминантен болид. би било навистина многу глупаво да се судрат, а чеко овој пат беше многу свесен дека макс има далеку подобри гуми од него – објасни доктор марко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ