Марко за Мерцедес: Предоцна е за нов болид

Макс Верстапен и Ред Бул уживаат во стартот на новата сезона со доминацијата на првата трка, а советникот за моторспорт во тимот, доктор Хелмут Марко, даде своја процена за конкуренцијата. 

Марко и Ред Бул се изненадени од проблемите на ривалите, Ферари со трошењето на гумите и Мерцедес со брзината. 

Ние си ја завршивме домашната. Има работи кои не беа оптимални, но ги оптимизиравме. Изненаден сум од проблемите на Ферари минатата сезона и тоа што Мерцедес има уште поголеми проблеми – посочи австриецот.

Но, стравот од конкуренцијата останува бидејќи ограничениот буџет не дозволува голем развој. 

Не знам колку брзо ќе го решат проблемот. Мислам дек Мерцедес може да ги реши побрзо од Ферари, Но нема шанси да напраат нов болид. 

Најголем шок оваа сезона е Астон Мартин кој го има поранешниот инжинер на Ред Бул, Дан Фалоус, кој сега се бори против Мерцедес и Ферари. 

Астон Мартин е позитивно изненадување оваа сезона. Формула 1 и политика е нешто што е секојдневие. Така го земавме Њуи од Мекларен и Пјер Ваше од Заубер на времето. 

Но, Марко не верува дека Ред Бул ќе победи на сите трки оваа сезона. Најблизу до ова стигнал Мекларен во 1988 година победувајќи на 15 од 16 трки. 

Секако тоа е неверојатна цел, но не е реална. Имаме и спринт трки и формат кој сеуште се развива. Во Бразил немавме податоци од симулаторот за споредба. Исто и во Австрија каде Леклер успеа да се справи со трошењето на гумите подобро од нас. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ