Марко: Леклер може да замине од Ферари

Доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на Ред Бул, тврди дека ШАрл Леклер веројатно порано од договореното ќе замине од Скудерија Ферари.

Искусниот австриец, исто така, ги демантираше гласините кои неодамна се појавија дека Ауди го сакаат Карлос Саинз за свој возач.

се и сешто може да се појави и напише деновиве, а напишаното повеќе нема начин како да се провери.

во врска со карлос, зошто тој би заминал од ферари, нема никаква смисла затоа што работи одлична работа, а тимот има многу други проблеми одошто да мисли и да се занимава со него – посочи доктор марко за Sport1.

Според познатиот инсајдер Лео Турини, јавна рајна е дека Леклер е тој кој ќе замине и дека моначанецот веќе е во преговори со Мерцедес да го превземе местото на Луис Хамилтон.

сите во маранело знаат за тоа, леклер разбира дека времето не работи за него и дека ако луис хамилтон реши да си замине од мерцедес, тие ќе сакаат шампионски возач крај џорџ расел – смета турини.

Договорот на Леклер е со важност до крајот на следната година, но доктор Марко смета дека во истиот има клаузула за перформанси која може да се искористи како причина за раскин.

клаузули за перформанси се вообичаена работа во денешните договори и најчесто велат дека возачот мора да освои одреден број на поени во текот на сеоната, најчесто до крајот на летото, за договорот д биде продолжен. ако тоа не се случи, двете страни имаат можност да го раскинат договорот и проади такво нешто себастијан фетел доби можност да потпише за ферари во 2015 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ