Марко: Макс дефинитивно е најдобриот возач

Доктор Хелмут Марко посочи дека по Австралиското Гранд При викендот за нас, може и дефинитивно да каже дека Макс Верстапен во моментов е најдобар возач.

Холанѓанецот доминираше на Алберт Парк во Мелбурн викендов и стигна до втора победа на вкупно три трки од календарот. Тргна од пол позиција, но загуби две места до 3та кривина, иако многу скоро ги врати загубените места.

макс суверено ја контролирше трката и не погреши ништо, но тоа веќе од него го навикнавме, знаеме дека се ќе биде добро. дефинитивно може да потврдам дека во моментов е најдобар возач на гридот – задоволен е доктор марко.

Дополнително, искусниот австриец е презадоволен што тимот има долгорочен договор со возачот.

фактот што потпишавме толку долг договор со него беше една од најдобрите одлуки кој сме ја донеле. стабилноста е многу важна за секоја екипа, а макс има и своја стабилност и сигурност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ