Марко: Нема подобра опција за Гасли од АлфаТаури

Хелмут Марко не гледа подобра алтернатива за Пјер Гасли во иднина од тоа да остане со АлфаТаури откако французинот беше исклучен од место во Ред Бул Рејсинг.

Екипата од Милтон Кинс неодамна го продолжи договорот на Серхио Перез со тимот до крајот на 2024 година, потег што обезбедува континуитет за водечкиот тим, како што објасни Марко.

Во петокот пред тренинзите во Монако, го потпишавме договорот, па Чеко може дополнително да се концентрира на тркачкиот викенд.

Ако ја погледнете историјата на Ред Бул, постои една особена карактеристика што нè издвојува: нашиот континуитет и планирање напред. Затоа сакавме да бидеме јасни за следните неколку години.

Сепак, потпишувањето на Перез ја затвора вратата за Гасли чии настапи со сестринската екипа на Ред Бул го позиционираа како главен кандидат за возење заедно со Макс Верстапен.

26-годишниот има договор со АлфаТаури до крајот на 2023 година, а Гасли има амбиции да се приклучи на врвен тим како што многумина веруваат дека неговиот талент заслужува.

Пред Перез да го потпише договорот, секако разговарав со Гасли – објасни Марко. Мораме да видиме што ќе се случи по 2023 година.

Која е алтернативата за него? Мислам дека во моментов нема алтернатива што би била значително подобра од АлфаТаури.

Марко навести дека тимот од Фаенца најверојатно ќе го задржи Јуки Тсунода заедно со Гасли следната сезона, статус кво што не би била добра вест за оние млади јуниори во Ред Бул кои моментално се тркаат во Формула 2.

Веројатно можеме да претпоставиме дека сегашните возачи ќе останат на своите места. Меѓутоа, коронавирусот е сè уште присутен, па може да биде дека младите ќе мора да стапнат во големиот тим.

Се разбира, се надевам дека никој нема да се повреди, но ќе мора да чекаат за место во Ф1 уште една година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ