Марко не жали по Саинз

Советникот за моторпорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, откри дека поради растот на Макс Верстапен не жали по Карлос Саинз.

Двајцата возачи, Верстапен и Саинз, беа дел од Торо Росо пред Верстапен да премине во Ред Бул. Шпанецот помина три сезони во Фаенца пред да се приклучи на Рено во 2017 година каде беше на позајмица од Ред Бул. Подоцна, Саинз се ослободи од договорот со Ред Бул и се префрли во Мекларен. Оваа година тој е дел од Ферари каде дојде како замена за Себастијан Фетел. 

Марко изјави дека може да продолжи да живее со одлуката за ослободување на Саинз бидејќи Верстапен е се подобар. 

Во тоа врме, двајцата беа силни, но мислевме дека Макс е посилен. Се одлучивме да му дадеме шанса и тој ја оправда одлуката.

Не го откачивме Саинз, Тие беа блиску со перформанси, но немавме место што може да му го понудиме. ТОј беше убеден дека може повеќе од Торо Росо, Сметаше дека не напредува и сакаше да замине. Прво го позајмивме, а подоцна го прекинавме договорот. Не сакавме да го спречиме на патот кон неговата иднина – откри марко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ