Марко: Не можевме да го контролираме последниот круг на Макс

Доктор Хелмут Марко посочи дека немало поент да се попречи Макс Верстапен да нападне за најбрзиот круг во својата последна обиколка во Џеда.

Буквално на крајот од трката, актуелниот првак побара информација за најбрзото време кое патем носи поен, а потоа го подобри истото кое дотогаш беше сопственост на неговиот колега. токму поради тој еден поен во моментов е лидер во шампионатот.

типично за макс, во последниот круг поставува најбрз круг на трката. тоа ние не можеме да го контролираме, таков е макс – изјави доктор марко за австриски ORF.

двајцата возачи константно прашуваа за најбрзиот круг, а макс се реши да нападне во последниот за да не му даде шанса на чеко да одговори.

Перез по трката обвини дека не им биле давани исти информации во врска со најдбориот круг, но Кристијан Хорнер посочи дека самиот мексиканец поставил најбрз круг, а потоа се одкажал од следниот обид кога видел дека не може да се поодобри.

заклчивме дека во последниот круг макс ќе оди на најбрз круг, а мислам дека самиот макс си направи таква стратегија. двајцата возачи имаа исти информации, чеко го имаше најбрзиот круг во тој момент и прашуваше колку е тоа време, знаеше дека макс ќе се обиде да го мине. серхио направи обид да го подобри, но се откажа по неколку кривини затоа што беше повеќе од десетинка побавен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ