Марко: Не може да му се лутиме на Верстапен

Верстапен ризикуваше да биде казнет во Шпанија откако игнорираше совет од неговиот тим.

Но Хелмут Марко изјави дека не може да му се лутат на Макс Верстапен за тоа што ги игнорирал кога го предупредувале за надминување на лимитите на патеката.

Верстапен имаше целосна контрола на трката во Каталуња и заврши 26 секунди пред Хамилтон но можеше да има жестока казна.

Неговиот инжинер неколку пати го предупреди дека ги надминува лимитите и може да добие казна но сепак Верстапен го игнорираше за да го направи најбрзиот круг на трката.

Ние бевме помалку загрижени од гледачите на трката. Тој сакаше да го извози најбрзиот круг за да го освои поенот иако гумите не му беа ни на приближно ниво со тие на Чеко кој во тој момент го имаше најбрзиот круг. Во таа позиција не се ризикува но не може да му се лутиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ