Марко обвини: За отпуштањето на Випс се виновни медиумите

Доктор Хелмут Марко, советник на Ред Бул и директно одговорен за програмата за млади возачи на тимот, обвини дека лавината напади на британските медиуми кон јуниорот Јури Випс за неговиот расистички испад ја принудил компанијата да се дистанцира од возачот.

Во Јуни, додека се пренесуваше во живо како игра видео игра, Јури кажа “црнец“ по што следуваше жестока реакција од сите страни. Тој има голема поддршка од Ред Бул во својата тркачка кариера, во моментов се трка во Формула 2, а беше и официјален резервист и тест возач на тимот од Милтон Кинс.

Но, младиот возач беше задржан од Формула 2 тимот на Хајтек за оваа сезона, а Ред Бул ја раскина соработката со него.

британските медиуми лансираа жесток напад врз возачот, така што ред бул рејсинг немаа никаква шанса освен да го отстранат од тимот. лично сметам дека со оглед на тоа што има 21 година и веднаш се извини тоа е доволно. но, она што ме мачи е што се случи за време на глупавата видео игра и толку ли немаа нешто попаметно да прават тоа попладне.

не разбирам како некој може да игра видео игра повеќе од две минути, но такви се младите, не момжамда кажам ништо и макс верстапен игра симулации и се трка – вели марко.

Запрашан дали тоа што Ред Бул го сториле против Випс е фер со оглед на тоа што Макс Верстапен пред неколку години го нарече Ленс Строл “монгол“ и не беше казнет, Марко смета дека тие две ситуации не се споредливи.

тоа не се споредува, но се работи и за развојот на двајцата возачи. макс секогаш бил на самата граница, а притисокот од медиумите и спонзорите кон випс донесоа проблем.

Во врска со талентот со кој Ред Бул во моментов располага, Марко посочи дека Формула 2 возачот од Норвешка, Данис Хаугер, кој е актуелен Формула 3 првак е следното големо име кое чека Формула 1 промоција наскоро.

денис хаугер доминираше во формула 3 на неверојатен начин. сега има подеми и падови во формула 2, не е константен, но перформансите се единствен фактор по кој ние одлучуваме. возачи кои порано можеле да бидат брзи, одеднаш не можат или обратно и поради тоа е тешко да се предвиди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ