Марко објави колку ќе чини поправката

Доктор Хелмут Марко изјави дека буџетот на Ред Бул ќе биде оштетен за повеќе од 750,000 евра за да се поправи штетата на болидот на Макс Верстапен. 

Верстапен удри во бариерите во првиот круг на Британското Гранд При по контактот со Луис Хамилтон на летечкиот Копс. 

Како што стојат работите, штетата ќе биде околу 750,000 евра, но не ја знаеме ссостојбата на моторот. Посебно со лимитиран буџет штетата е огромна – незадоволен е австриецот.

Најверојатно ќе треба нова шасија за наредната трка во Будимпешта додека Тојохару Танабе е оптимист за оштетеноста на моторот. 

Од првите слики видов многу штета, Но подоцна видовме дека не е толку голема. Треба да видиме прво во фабриката потоа ќе донесеме одлука. 

Марко изјави дека Верстапен се жали на болка во вратот. 

ТОј е изненадувачки добар. Од безбедносни причини вечерта ја помина во хотел. Има мала болка во вратот, но се е нормално. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ