Марко: Однесувањето на Хамилтон го избрка Маси

Доктор Хелмут Марко од Ред Бул, верува дека поранешниот директор на трка Мајкл Маси е жртва на однесувањето на Луис Хамилтон по трката во Абу Даби минатата сезона. 

Хамилтон се повлече од јавниот живот во текот на зимската пауза за да посвети време на своето семејство и призна дека најмалку мислел на Формула 1 во тој период.  Во меѓувреме многумина се прашуваа дали шампионот ќе продолжи да се трка, но по одлуката на ФИА да ја разгледа целата ситуација од Јас Марина, Хамилтон се појави назад и после некое време беа објавени одлуките на ФИА со кои беше заменет Маси. 

Имаше јасни индикации дека Хамилтон нема да запре и немаше раздвижување на пазарот на возачи. Доколку тој им кажеше на Мерцедес дека нема да продолжи, тие ќе му бараа замена, Но тоа не беше случај.

Со неговата тишина тој сакаше да покаже дека не се согласува со одлуките од трката и Подоцна Маси беше заменет. Мислам дека не требаше тоа да се случи. Видовме дека тој е одличен. Маси е жртва на Хамилтон. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ