Марко: Односот на Саинз и Верстапен не беше добар за Ред Бул

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, изјави дека проблемите на Даниил Квјат и односот на Макс Верстапен и Карлос Саинз ги приморале да ја направат промената во 2016 година. 

По само четири трки во таа 2016 година, доктор Марко го врати Квјат во Торо Росо и го донесе Верстапен во сениорската екипа од Милтон Кинс. 

Квјат беше побрз од Рикардо во првата година во Ред Бул, но Во втората веќе имаше проблем. Губеше доста брзина и имаше инциденти.

Моравме да реагираме, а Го имавме и Саинз и Верстапен во тоа време. Тука беше татко му на Саинз и емотивниот Јос Верстапен.

Со промоцијата на Макс, Саинз сениор беше навреден. Моравме да се справуваме интерно – откри искусниот австриец.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ