Марко откри: Верстапен возеше без последните новини на Портимао

Советникот за моторсорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, откри дека болидот на Макс Верстапен со кој холанѓанецот се тркал на Португалското Гранд При ги немал последните нови делови од развојот.

Верстапен победи на втората трка од календарот кој се возеше на Имола, а во Портимао пристигна сметајќи дека ќе има предност во однос на Луис Хамилтон и на Мерцедес. Но, тимот се мачеше да стигне до ритамот на актуелните прваци и завршија на 2ро место. Марко откри дека холанѓанецот не ги возел последните новини од фабриката.

само перез го возеше целосниот пакет, макс возеше без крилото – изјави марко за германски Auto Motor und Sport.

Тој потенцираше дека екипата од Милтон Кинс ќе продолжи да го развива болидот и во текот на летната пауза затоа што не смее да го разочараат Макс во ситуација во која има можност сериозно да предизвика за насловот.

не смееме тоа да му го направиме на макс сега кога за прв пат има болид со кој може да стане светски шампион. ќе видиме што ќе правиме во однос на пордокот во шампионатот во иднина – најави марко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ