Марко откри детали за лошиот однос на Верстапен и Саинз

Доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на Ред Бул, откри дека партнерството на Макс Верстапен и Карлос Саинз во Торо Росо било токсично и немало тимска атмосфера воопшто. 

Верстапен и Саинз дебитираа заедно во 2015 година во малата екипа од Фаенца како дел од програмата за млади возачи. Верстапен беше подобриот од двајцата и многу брзо напредуваше до сениорскиот тим и победи на својата прва трка за Ред Бул во Шпанија во 2016 година. 

Саинз го напушти Ред Бул на крајот од 2017 година и премина во Рено. 

Саинз немаше среќа со Макс како колега. Атмосферата помеѓу нив двајца беше токсична. Не гледавме дека може да се направи место за него и тој замина во Рено – откри марко.

Саинз доаѓа од семејство кое е доста познато во моторспортот бидејќи неговиот татко е рели легенда. 

Долго време беше во сенката на татко му кој е двократен шампион во врц. Штета е што се зборуваше дека е разгален син на познат татко кога тој е целосно спротивно од тоа. Неговиот развој е одличен и мислам дека разликата со Макс беше многу мала, но Макс беше побрз и го префрливме во Ред Бул. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ