Марко посочи каде Ред Бул најмногу се подобриле

Доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на Ред Бул, посочи кои се два главни работи кои тимот ги подобрил годинава што најмногу им помага во борбата сезонава против Скудерија Ферари.

Најголем проблем на болидот на тимот од Милтон Кинс беа техничките делови полни со кривини каде губеа најмногу, но РБ18 сезонава покажува силни перформанси како на таквите делови така и на долгите правци, така што единствено Скудерија се на нивно ниво.

Марко смета дека сето тоа е благодарение на Адриан Њуи, но и моторот на Хонда.

концептот на болидот доаѓа од њуи кој создаде болид со многу потисна сила и мал отпор, тоа е основно. друг фактор е хонда кои дополнително го развја ланскиот шампионски мотор и покрај промената на е10 горивото поради кое речиси и да не загубивме перформанси, така што напредокот е комбинација од двете – посочи марко.

Она во што австриецот ужива се перформансите на болидот на правците.

имаме целосно различен пристап. порано бевме најчесто најбавни на правците, а сега сме најбрзи и тоа е супер за промена. потоа, не го губиме лесно она што го стекнуваме на правците.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ