Марко потврди, Рикардо се враќа во Ред Бул како резерва

Доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на Ред Бул, потврди дека Даниел Рикардо се враќа во Формула 1 екипата како нивни трет возач, резерва за наредната сезона.

Австралијанецот го напушта Мекларен по трката во Абу Даби откако претходно сезонава двете страи се согласија една година порано да го прекинат потпишаниот договор и од 2023 година ќе биде резервен возач на Ред Бул.

Рикардо ќе биде наш трет возач. Имаме многу спонзори и мислам дека тој ќе биде достоен возач кој брзо ќе се снајде во тимот – потврди доктор марко.

Макс Верстапен има повеќегодишен договор со Ред Бул додека Серхио Перез има договор до крајот на 2024 година.

Австралијанецот дебитираше за тимот во 2014 година откако помина две години во Торо Росо. По поминати 5 години во тимот, тој премина во Рено во 2019 година, а по две сезони во Мекларен за 2021 година. Тој не ги исполни очекувањата на тимот од Вокинг и договорот беше предвмрее прекинат.

Покрај Рикардо, резервен возач ќе биде и Лиам Лосон кој возеше во Формула 2 во последните две сезони.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ